Пилотите на авиокомпанијата Рајанер се согласија на намалување на платите од 20 проценти за да се избегне згаснување на околу 3.000 работни места во најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Европа, дознава британски „Гардијан“.
Синдикатот на пилоти „Балпа“ во средата објави дека 96 проценти од членовите на Рајанер гласале да прифатат привремено намалување на платите со цел „спас на работните места кои се загрозени“ поради падот на побарувачката за летови, како резултат на пандемијата на Ковид-19.
Пилотите се согласија на договорот неколку часа откако главниот извршен директор на компанијата, Мајкл О’Лири, јавно објави дека 3.000 работни места можат да бидат спасени само ако целиот персонал се согласи на смалување на платата.
Синдикатот соопшти дека Рајанер се согласил дека платите ќе се вратат во нормала во следните четири години.
О’Лири ја намали својата плата за 50 проценти во април и март и ќе продолжи да работи за намалена плата до крајот на март 2021 година.