Еден од столбовите на британскиот сектор за малопродажба, ланецот „Маркс и Спенсер“, објави дека планира да затвори 950 работни места, пренесува британскиот јавен сервис ББС.
Трговската куќа изјави дека предложениот план за реструктуирање ќе влијае на 950 работни места во централните функции за поддршка на терен, во централните операции во управувањето со имотот и управувањето со продавниците.
Како што е наведено, компанијата започна консултации со „група претставници на вработените“ на која ќе и предложи опција за доброволно заминување на работниците од погодените позиции.
Продавниците за намирници M&S работеа во текот на целата вонредна состојба во Велика Британија, но продавниците во другите области на бизнисот претрпеа сериозен пад.
Компанијата во мај објави дека продажбата на облека опадна за над 80 проценти, на најниско ниво во однос на минатата година.