Кога еден ресторан во Манчестер објавил оглас за нов работник, сопствениците беа шокирани затоа што добиле скоро 1.000 апликации во еден ден. Тие очекувале дека само околу 30 луѓе ќе бидат заинтересирани.
Поради епидемијата на коронавирус, угостителскиот сектор, вклучувајќи барови, ресторани и хотели, е многу загрозен во Велика Британија.
Навистина е тажно да се види колку луѓе бараат работа. Во понеделникот поставивме оглас за работа во нашиот ресторан, а веќе следниот ден, за помалку од 24 часа, беа регистрирани 963 апликации, вели сопственичката на ресторанот, Карол Кернес.
Според неа, во таа фаза обично пристигнувале околу 30 апликации.
Разгледувајќи ги кандидатите за работното место, можевме да видиме дека аплицирале многу талентирани и висококвалификувани луѓе, вели таа.
Поради пандемијата и рестриктивните мерки, угостителската индустрија претрпе голема штета. Бројот на вработени се намали затоа што, заради правилата на социјално растојание и ограничувањето на бројот на лица во затворен простор, услугите на голем број луѓе веќе не беа потребни.
И другите сектори имаат слично искуство.
Ова е многу тажно. Голем број на образувани и преквалификувани лица аплицираат на нашите огласи, што зборува за моменталната состојба на пазарот на трудот, вели Емили Прингл од една компанијата за парфеми со седиште во Алнвик.