Можеби постојат грешки што вие не сте ги забележале, но затоа ги забележал вашиот работодавач.
Аплицирате на безброј огласи, но никој не ве поканува на интервју? Многу е веројатно дека грешката е некаде во биографијата, без притоа дури и да сте свесни за тоа. Имено, многу работодавци го проучуваат она што го испративте во апликацијата, и тоа до најситнитедетали, дури и пред да ве поканат на интервју. Во голем број случаи, само еден мал детал е доволен за да не ве земат во предвид. Една неодамнешна студија спроведена од ResumeLab ги откри најчестите грешки при составување на апликација за работа, пренесува „Форбс“.
Непрофесионална е-маил адреса
За работодавците е недопустливо да испраќате апликација за работа од е-маил што не го содржи вашето име, како што е 'gamer93@gmail.com'. Шансите се дека нема да ја разгледаат вашата апликација откако ќе ја видат адресата од која е таа пратена. Затоа, направете е-маил кој ќе го содржи вашето име и презиме и истата користете ја само за професионални цели.
Искуството е поважно од дипломата, но сепак...
Експертите откриле дека по повеќе од пет години работно искуство на дипломите не се гледа како претходно. Меѓутоа, ако сте добиле одлични оценки на додипломските студии и имате некои награди што сте ги добиле како студент, добро би било да го потенцирате ова.
Претерување
Преоптоварувањето на биографијата е нешто што 86 проценти од експертите го наведуваат како грешка. Тогаш апликацијата се чини лажна и „презаситена“. Направете малку баланс. Исто така, не заборавајте на LinkedIn профилот каде што имате можност да ставате клучни зборови преку кои работодавачот полесно ќе ве најде.
Работа од дома
Коронавирусот направи големи промени во начинот на кој работиме - сè повеќе работодавци избираат да работат од далечина, односно од дома. Затоа е многу важно да се направи најдобро можно CV, затоа што е можно разговорот да не се одвива во живо. Бидете сигурни и наведете го она што го знаете и што сте го постигнале, но запомнете - не лажете, не измислувајте вештини и не претерувајте.