Работа на големи проекти со најнова технологија и во одлични услови за работа – се што еден градежен инженер или архитект би можел да посака. Редакцијата на Вработување.ком преку интервју со директорот Фикрет Зендели, ви ја претставува успешната приказна позади Breon.
Вработување.ком: Приказната на Бреон започнува во 2010. Раскажи ни повеќе за твоите почетоци во Македонија. Зошто Македонија? Со кои предизвици се соочи во текот на годините?
Фикрет Зендели: Ја започнав својата авантура во Март 2010 само со еден Голф 3, 2 компјутери, огормна мотивација и самодоверба. Беше многу предизвикувачки почеток. Организирање на отворањето на компанијата, наоѓање на работните простории, запознавањето на првиот вработен со швајцарските стандарди на работа, наоѓање клиенти и создавање на високо квалитетни проекти, се зависеше од мене во почетниот период. Следствено, немав многу слободни викенди во првите две години на Бреон. Бидејќи моите корени се од Македонија, сакав да ја реализирам идејата тука. Да креирам работни места каде што ќе го трансферирам швајцарското знаење на локалните луѓе, беше една од моите главни цели. Најголемиот предивик со кој се соочив и со кој се уште се соочувам е да најдам моитивирани и квалификувани кадри кои сакаат да придонесат на визијата на нашата компанија.
Вработување.ком: На кои проекти Бреон работи во моментов и кои се проектите за кои се чувствуваш особено горд?
Фикрет Зендели: Моментално работиме на повеќе проекти. Најголемиот е реконтрукција на еден објект од 1913/1914 во центарот на Цирих, каде за прв пат за реализацијата на овој проект користиме БИМ технологија. Многу сум горд на секој проект кој го имаме изработено бидејќи секој од нив беше под различни услови и предизвици, но што е најважно, секогаш успевавме да постигнеме одличен квалитет во нашиот перформанс. Има еден проект на реконструкција за кој сум екстремно горд секој пат кога поминувам покрај него на плоштадот во Цирих. Имајќи ги во предвид стандардите за квалитет што се потребни таму и краткиот временски рок, успешната реализиација кажува се за нашиот квалитет. Истовремено, свесен сум дека мора да продолжиме да работиме на постигнување на квалитетот што нашите клиенти и вработени го заслужуваат.
Вработување.ком: Кажавте дека Бреон работи конкретно на прокети наменети за швајцарскиот пазар. Како успавте успешно да ги задоволите потребите на вашите клиенти земјаќи го во предвид фактот дека швајцарците се екстремно прецизни и методични?
Фикрет Зендели: Неопходно беше да се обучи секој вработен според тие швајцарски стандарди на работа. Бидејќи таму израснав и таму ја завршив целата моја едукација, не сум запознаен со поинаква работна етика. Посветив многу години од мојот живот, ја напуштив Швајцарија и мојата социјална средина за да дојдам овде и ги обучам и едуцирам моите вработени. За локалните луѓе е голем предизвик да се навикнат на тие високи стандарди и работна филозофија, но дефинитивно и тука има луѓе со огромен потенцијал за работа и квалитет.
Вработување.ком: Градежните инженери и архитектите се професии кои се во дефицитет со кадри. Покрај платата, компаниите треба да понудат и дополнителни бенефиции за да ги придобијат најдобрите кадри. Што Бреон нуди на своите вработени?
Фикрет Зендели: Она што Бреон го нуди се различни предности и шанса за работа со најновата технологија во нашата сфера на работа. Шанса за работа со новата БИМ технологија, месечна парична поддршка како бонус за секое дете на нашите вработени, платени (50% или максимум целосна сума) послеработни активности на вработените како подобро би се релаксирале после работните часови и 6 недели одмор. Исто така, нешто на што сме особено горди, шанса да бидат дел и да ја поддржат локалната социјална иницијатива Social Friday за време на работните часови.
Вработување.ком: Споменавте дека 2018 е клучната година за Бреон. Во која фаза е вашата компанија и кои се вашите следни цели?
Фикрет Зендели: Верувам дека 2018 е година која ќе дефинира во кој правец ќе се движи Бреон и иницијативата SOCIAL FRIDAY бидејќи ние сме и иницијатори на истата. Во моментов сме во многу интересна фаза со ветувачки шанси за иднината. Со нетрпение очекуваме да ни се придружат нови колеги кои ќе бидат дел од тимот и ќе придонесат за остварување на нашата визија и нашиот понатамошен развој.