Дури и ако моментално работите во сектор кој неповолно котира на пазарот на трудот, никогаш не е доцна да направите промена...
Пазарот на трудот се менува, потребите на општеството се различни, а технологијата „сече“ се пред себе. Едноставно, таа навлезе во сите деловни сегменти, секаде каде што тоа е возможно.
Роботите веќе ги заменија работниците, луѓето резервираат сместување и планираат патувања самостојно, а компјутерите решаваат голем број на проблеми за кои човекот не е „потребен“.
Да, тоа е 21-от век кој ни носи нешто ново секој ден, но и ни одзема. Така на пример, некои професии ќе бидат слабо барани во иднина. Има многу такви, но ги издвојуваме 5-те најактуелни.
Агент за патувања
Денес, кога скоро секој може да организира патување со резервација преку Интернет, кариерата во ова поле се приближува кон својот крај. Иако некој туристички агент можеше да ви заштеди многу пари во минатото, Американското биро за статистика на трудот предвидува дека бројот на овие експерти ќе се намали за 12 проценти во следната деценија.
Поштар
Бидејќи повеќе луѓе ги плаќаат сметките преку Интернет и одржуваат контакти преку социјалните медиуми и е-пошта, количината на предмети што ги носат поштарите дома се намалува, што значи дека се потребни помалку работници. Бирото за статистика на трудот проценува дека бројот на отворени места за поштари ќе се намали за 28% до 2027 година.
Новинар - репортер
Според Центарот за истражување Пју, дневниот тираж на весниците го достигнал најниското ниво од 1945 година, кога во САД имало многу помалку жители. Повеќето Американци сега ги добиваат вестите на своите телефони, што доведе до постојан пад на бројот на весници кои имаат само печатена верзија.
Работник во продавница за фотографии
Благодарение на сеприсутноста на телефонските и дигиталните фотоапарати, нагло се намали бројот на работни места за обработка на филм. Во моментов има помалку од 25.000 фото-процесори во САД, а тој број се очекува да се намали за 19,7 проценти до 2026 година.
Златар
Бирото за статистика на трудот предвидува пад на ова занимање за 11 проценти до 2024 година. Иако искуството во дигитален дизајн ќе им ја олесни работата на луѓето што се занимаваат со изработка на наик, изгледите се сè уште мрачни, бидејќи производството на накит главно се одвива во земји каде трудот е ефтин.