За разлика од другите европски земји, Шведска не наметна карантин на своето население. Кафулињата, баровите и рестораните се отворени додека трае здравствената криза.
Шведска, која привлече внимание со благата стратегија во борбата против коронавирусот, повика на работа од дома барем до Нова година, бидејќи повеќе од 80.000 луѓе биле заразени со вирусот во земјата.
Мерката има за цел да го намали бројот на лица во јавниот превоз, бидејќи властите регистрирале зголемен број контакти меѓу луѓето, што претставува голем ризик од натамошно ширење на вирусот за време на есента.