Шведска, којашто не воведе карантин како мерка за спречување на пандемијата, забележа помал пад на економијата во однос на другите земји од Унијата, пишува ВВС.
Податоците покажуваат дека падот на шведската економија, во периодот април – јуни оваа година, е 8,6% во споредба со претходните три месеци.
Иако овој пад е помал за разлика од другите европски земји, сепак е највисок квартален пад во изминатите 40 години.
На ниво на ЕУ, падот на економската активност достигна 11,9%.
Анализирано по земји, најголем пад имаат забележано: Шпанија (18,5%), Франција (13,8%) и Италија (12,4%).