Сигурно сите се сеќавате на Зоран Јовановски, светски познатиот пица мајстор со потекло од Македонска Каменца, кој е сопственик на најпознатата Академија за правење пица во Македонија.
Овој пат, Зоран ни раскажа за највозрасната студентка кој бил дел од академијата. Станува збор за Снежана Периќ, која е родена во Скопје и целиот свој живот го поминала во Министерството за труд и социјална политика, но годините не ја спречиле да се реши на овој храбар чекор и да ја „зграпчи“ шансата да се испроба на ново поле.
Желбата за предизвици секогаш била присутна кај Снежана, а можноста да научи професионално да прави пици сфатила дека не смее да ја пропушти.
Снежана за Акдемијата сосема случајно слушнала во емисија на радио Скопје, каде Зоран гостувал, и веднаш потоа го исконтактирала.
Бев пријатно изненаден кога Снежана ме исконтактира и изрази желба да ја изучува оваа прекрасна професија на 63 годишна возраст. Кога им соопштив на колегите во Италија, беа вчудоневидени и ме информираа дека Снежана ќе биде највозрасната студентка на Accademia Pizzaioli во нивното 30 годишно постоење и помеѓу 140-те пица мајстори во светот, вели Зоран.
На прашањето за тоа каква ученичка била Снежана, само пофални зборови беа доделени.
Без поголеми напори ги совлада сите техники, гордо објаснува Зоран за својата студентка.
Своето претходно искуство како домаќинка, помогнало во тоа Снежана да биде беспрекорно дисциплинирана и внимателна во текот на целиот курс.
Храброста и желбата на Снежана на 63 годишна возраст да стане пица мајстор не останала незабележана.
За време на курсот бевме посетени од градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменковска, која дојде да не поздрави и да им посака успех на сите досегашни и идни студенти, вели Зоран.
Едно е сигурно, а тоа е дека оваа инспиративна приказна со себе носи силна порака. Порака до сите оние кои се двоумат дали да направат храбар чекор и да пробаат нешто ново. Со Accademia Pizzaioli Macedonia за многу краток временски рок ќе постанете дипломирани пица мајстори, а бидејќи истата е предводени од експерти со богато искуство и професионалност во правење пици, можете да бидете сигурни дека ќе го одберете правото место.
Што треба да знаете за Accademia Pizzaioli?
Accademia Pizzaioli е една од најпознатите академии за совладување на вештините за правење пица, а таа во Македонска Каменица е една од 140-те распространети ширум Европа. Благодарение на Зоран и Македонија се најде на мапата.
Што добивате со запишување на Академијата?
Курсевите за Акдемијата се одржуваат 3-4 пати во месецот и сите кои ќе го завршат курсот ќе се здобијат со знаење и интернационален сертификат, а вооедно и ќе станат дел од фамилијата на Accademia Pizzaioli.
Со овој сертификат ви се отвараат вратите и веднаш сте спремни за да започнете со работа во било која пицерија кај нас и во странство, но и можност да започнете сопствен бизнис кој е многу профитабилен.
Звучи како одлична шанса, нели?
Советот на Зоран за сите заинтересирани е дека вложувањето во самиот себе е најмудрата и најдобрата инвестиција која можете да ја направите.
Затоа, не чекајте! Секој е добредојден на Академијата, а се што ви треба е желба!
Доколку оваа инспиративна приказна побуди интерес кај вас да го направите следниот чекор – Accademia Pizzaioli ве очекува! (линк до Facebook и Instagram)