
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, а дневната од 21 до 31 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 30 степени.
Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица.