Тунел до банка кој криминалците го копале со денови и успеале да однесат повеќемилионска сума. Звучи познато? Дознајте како течела организацијата на еден од најголемите грабежи во историјата
За камионите кои секојдневно ја носеле ископаната земја да не привлечат преголемо внимание, тие на соседите им рекле дека работат на средување на градината на куќата која ја изнајмиле.
Три месеци интензивно работеле на копањето на тунелот кој на крајот имал должина од дури 200 метри.
Тунелот бил ископан под два стамбени блока, зајакнат бил со даски и обложен со пластика. Спроведено било и електрично осветлување и систем за циркулација на воздухот. Бразилските власти претпоставуаат дека бандата броела 10 членови, додека многумина пак сметаат дека заедно со надворешните соработници, бандата броела околу 25 членови.
Начинот на кој била ограбена банката потсетува на сценариото на познатата ТВ серија "La Casa de Papel".
Од сефот биле украдени 5 контејнери тешки 3,5 тони полни со банкноти со вредност од околу 71 милион долари. Банкнотите не биле обележани, што значи дека е невозможно да им се влезе во трага.
До 2007-ма година после неколку киднапирања, апсења и мистериозни смртни случаи кои се поврзуваат со овој случај, вратени се само 8,93 милиони долари.