На барање на Собранието на акционери на АД „Пошта на Северна Македонија“, Владата на вчерашната седница ѝ даде согласност на поштата да склучи договор со нова банка, бидејќи соработката со „Еуростандард“ прекина откако банката отиде во стечај.
„Дадена е согласност за отпочнување на постапка на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Република Северна Македонија, преку која ќе се вршат услугите на платниот промет“, се наведува во владиното соопштение.
Поради пропаѓањето на „Еуростандард банка“, платниот промет во пошта е блокиран, а тоа значи дека не може да се наплаќаат сметки за струја, комунални услуги, да се врши исплата на пензии и социјална помош.
Сè додека не се избере друга банка со која ќе соработуваат за вршење платен промет, услугите ќе бидат блокирани.