Последиците од корона-кризата го наведоа менаџментот на Opel да најави работни откази. Во тој случај, најмногу луѓе ќе ги заминат од централата на марката на францускиот PSA Peugeot во Риселсхајм
Доброволната програма за намалвуање на бројот на работни места не наиде на доволна прифатеност меѓу вработените. Opel најавува можност за масовно делење работни откази.
До крајот на следната година, Opel во Германија ќе укине 2.100 работни места, преку социјално прифатливи и доброволни програми за предвремено пензионирање или отштета. Досега за овие програми се пријавиле доброволно само 500 вработени. Германските медиуми објавија дека менаџментот на германската марка во сопственост на францускиот PSA Peugeot испратил соопштение до своите вработени.
Ситуацијата ќе се следи во претстојниот период до крајот на ноември. Во зависност од одвивањето на ситуацијата, понатаму ќе се размислува и за делење работни откази.
Моментно се бараат алтернативи во преговори со работничкиот совет и со синдикатот IG Metall. Дополнителен притисок за отпуштањата доаѓа од корона-кризата. Најмногу ќе биде погоден работниот персонал во матичното седиште на Opel во Риселсхајм.