Иако живееме во 21-от век сепак некои работи тешко се менуваат, а една од тие е поделбата на професии на машки и женски.
Сепак, се повеќе жени-херои се обидуваат да ги растурат овие предрасуди и докажуваат дека и тие можат да бидат исто, па дури и повеќе успешни во типично МАШКИ професии, и одлично „пливаат во морето“.
Молери, таксисти, возачи на автобуси, архитекти, пилоти, градежни работници… се само неколку од овие машки професии во кои жените веќе докажаа дека можат да се покажат одлично, а сега на списокот во нашата земја можеме да ја вметнеме и професијата стартер-паркер на аеродром, односно оние лица кои им помагаат на авионите при нивното слетување и полетување.
Една од работите кои се важни за успех, кога си единствена жена во професијата, е тоа какво е опкружувањето, од односно поддршката која ти ја добиваш или не ја добиваш од колегите.
Со таа цел ТАВ Македонија со гордост ја покажа на својата фејсбук страна, својата првата и единствена жена која работи како стартер-паркер на Меѓународниот Аеродром Скопје, а позитивните коментари и поддршка не изостануваа од сите граѓани на нашата земја.