Службата за вработување на кантонот Сараево објави листа на бизнис идеи за кои вели дека релативно евтино да се покренат или се бесплатни, а може да донесат добри приходи. Издвојуваме неколку бизнис идеи:
Консултантски услуги – Ако имате искуство во некоја област, идеален кандидат сте за овој бизнис. Со знаењето кое го имате, најмногу ќе треба да инвестирате во маркетинг и остварување на контакти и сопствена интернет страница.
Поправка / продажба на велосипеди – Индустријата за велосипеди процвета и секако, сите овие велосипеди треба да ги одржува некој. Половните велосипеди, исто така сè повеќе се бараат на пазарот, па можете да размислите за продажба на користени велосипеди преку интернет.
Едукативни програми – Одлична деловна идеја е да го продадете сопственото знаење. Не само што профитирате од фактот дека веќе го поседувате, туку инвестициите се скоро непостоечки. Едноставно креирајте веб-страница, креирајте содржина и може да инвестирате во рекламирање. Бидејќи ова е многу конкурентна област, фокусирајте се на нешто каде што можете да се разликувате од другите.
Услуги за чистење – Интересно во врска со оваа работа е што имате неколку опции на располагање. Можете да чистите куќи во текот на денот и деловни простории или ресторани на дневна основа на крајот на денот. Тоа зависи од вашите желби, во кое време од денот сакате да работите. Сè што ви треба за чистење има релативно разумна цена, а најголемиот дел од работата ќе ја добиете преку препораки, што значи дека не мора да вложувате премногу во рекламирање или маркетинг.
Дизајн / развој на веб-страница – Бидејќи живееме во дигиталното време, а веб страната е неопходна ако ги имате потребните вештини, можете да креирате персонализирани страници за клиенти.
Графички дизајн – Деловниот свет има потреба од талентирани креативци за компаниите да можат да ја раскажат својата приказна преку брендирање. Може да биде било што, од изработка на лого, рекламирање, билтен, списание, брошура.