Од 7. до 14. октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во Киел Македонија!
Киел е еден од водечките производители на иновативни транзитни системи за седишта за комерцијални возила и возила за јавен превоз, вклучувајќи решенија за седење за автобуси и возови на локално, регионално и меѓуградско ниво.
Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Македонија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти. Киeл Македонија како дел од групацијата Киeл продолжува да се залага за иновации, ексклузивност и издржливост.
Зошто да ја започнете вашата кариера во Киел?
Киел нуди кариера што им овозможува на луѓето да се гордеат да работат за компанија со највисока етика и да ги применуваат своите разновидни искуства. Стратегијата на Киел за управување со таленти е да ги развие вработените и да инвестира во нивната професионална квалификација. Киел е дизајнирана да привлече, развива, наградува и задржува врвни таленти.
Киел е одлично место за градење и напредување во кариерата, бидејќи во нашата компанија се вреднуваат познавањата, вештините, како и желбата за учење, надоградување и дообразување на вработените. Компанијата допринесува за напредување на секој вработен со овозможување на разновидни обуки и тренинзи, обезбедување на сите неопходни алати и средства за работа, како и одлична работна атмосфера во која владее тимски дух, вели Јорде Петровски, Супервизор на логистика во Киел Македонија.
Сакате да станете дел од Киел Македонија?
Доколку сте заинтересирани за условите за работа, активните огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Киел Македонија на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 7. до 14. октомври.