Од 7. до 14. октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера и обука во Data Masters!
Data Masters е консултантска компанија, специјализирана во областите на напредна аналитика, машинско учење и бизнис интелигенција. Основана е од визионери кои своето знаење го имаат стекнато во странство, но нивната главна цел е да го имплементираат знаењето и интернационалното искуство во Македонија.
За таа цел, Data Masters нуди обуки и академија за Business Intelligence и Data Science, а кадрите од овие професии се на топ листата на најплатени и најбарани на глобалниот пазар на труд.
Доколку веќе се стручни во оваа област, разгледајте ги огласите за слободните работни позиции во Data Masters на овој линк и искористете ја можноста да станете дел од тимот кој има остварено соработки со компании и институции од пет континента. Едни од позначајните соработки се во САД, Португалија, Абу Даби и секако во Македонија.
Доколку сакате да се обучите за некоја од најатрактивните професии и да го освоите светот на Data Science, дознајте повеќе за Data Science академијата од Data Masters, која е единствена верификувана академија од ваков тип од страна на Министерство за образование и наука на Р. Северна Македонија.
По завршувањето на академијата ќе се стекнете со титула „Почетник по вештачка интелигенција и машинско учење“ и ќе можете да го започнете вашиот кариерен пат како:
- Data Scientist;
- Data Analyst;
- Machine Learning Engineer;
- Data Consultant;
- Ќе можете да се унапредите на вашата веќе постоечка работна позиција.
Сите информации за академијата може да ги најдете на линкот.
Нека овој саем биде првиот чекор кон вашата дигитална трансформација. Ве очекуваме!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, активните огласи за вработување и обуките кои компанијата ги нуди, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Data Masters на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 7. до 14. октомври.