Успешната приказна на Рамстор во Македонија започна во 2005 година кога се отвори првиот маркет во Скопје, за потоа постепено синџирот да се шири и во останатите градови. Денес, компанијата располага со 28 маркети на вкупна површина од 22.100 метри квадратни.
Да се работи во Рамстор значи да се биде дел од компанија која освен за успехот на своето работење, се грижи и за развојот и задоволството на своите вработени, како и за унапредување на општеството во кое живееме. Прочитајте зошто е добро да се биде дел од големото Рамстор семејство.
* Фотографијата е направена во периодот пред Ковид-19
Обуки за вработените
Рамстор инвестира во своите вработени. Менаџментот на Рамстор за своите вработени редовно организира обуки со цел постојано подобрување на нивните вештини. Така, на пример, постојат обуки за подобрување на знаењата поврзани со нивната работа, како и обуки за развивање на нивните меки вештини. Рамстор се стреми кон тоа секој вработен во текот на една година да посети обуки од двата аспекти.
Новогодишна забава
Рамстор ги прославува празниците заедно со своите вработени. Секоја година традиционално се организира новогодишна забава на која се поканети сите вработени, а за да им се излезе во пресрет на вработените во подалечните маркети, новогодишната забава се организира и во Охрид и Струмица.
Крводарителска акција
Рамстор е хумана компанија. Пред две години компанијата започна со крводарителска акција и тоа во склоп на годишнината од постоењето на Рамстор. Во соработка со Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина, последните две години во месец ноември, заедно со своите вработени, компанијата организира крводарителска акција под мотото “Рециклирај се, дарувај крв“. Изминатата година за прв пат се приклучија и вработените од Охрид, со тоа што се организираа две крводарителски акции – една во Скопје, а втората во Охрид – со тендеција да се продолжи со истите и во текот на следните години.
Околу 70 вработени волонтери активно учествуваат во оваа акција, а следната волонтерска акција ќе биде на 13 ноември.
Општествена одговорност
Рамстор е општествено одговорна компанија. Компанијата активно е вклучена и во други општествено одговорни проекти со цел да го побуди хуманиот дел и да го поттикне чувството на солидарност и кај другите. Минатата година, по повод 16 октомври – Светскиот ден за борба против гладта беше организирана волонтерска акција за собирање на храна во која беа вклучени и потрошувачите.
Исто така, организирани се и интерни активности – аукции, каде што се изложуваат сите подароци добиени од надворешните соработници и компании, а собраните финансиски средства потоа се донираат кај најранливите општествени групи. Мината година од собраните средства обезбедивме училишен прибор за децата од СОС Детско Село во Скопје.
* Фотографијата е направена во периодот пред Ковид-19
Наградно дрво
Рамстор ги наградува најдобрите вработени. Еден таков концепт на наградување е и т.н. “Наградно дрво“ чијашто основна цел е препознавање и наградување на сите вработени кои даваат посебен напор во работата и постигнуваат истакнат успех. Вработените се нашето најголемо богатство и движечка сила која не движи напред. Со овој концепт, на вработените им се дава признание за трудот кој го вложуваат, како и признание за добро завршената работа. Биди ѕвезда = биди награден = собирај поени. 1 поен = 1 денар.
Собраните поени, вработените можат да ги користат во една од многуте категории кои ги нуди нашиот надворешен соработник. Од хоби преку убавина и здравје па се до патувања.
Овој концепт е поделен во 5 главни категории:
- Најдобар маркет со 6 подкатегории (менаџирање со загуби, профитабилност, продажба, продажба на М производи, продажба на свежи производи и менаџмент на квалитет);
- Добра идеја – Добар проект;
- Инстант награда (жолта и сина);
- Стаж во Рамстор; и
- Пронаоѓач на маркет.
Кој може да учествува и како се учествува?
Наградното дрво како награден концепт е наменет за сите вработени на сите позиции. Никој не е исклучен од можноста да биде награден. Во зависност од наградната категорија се определува и начинот на учествување во овој награден концепт. На пример: за да можете да учествувате во наградната категорија “Добра идеја – Добар проект“ треба да ја споделите вашата идеја или пак за да учествувате во категоријата “Пронаоѓач на маркет“ треба вашиот предлог за локација да го пријавите на одговорното лице за проектот.
Концептот на наградно дрво е поприлично нов меѓутоа вработените реагираат многу позитивно на овој систем на наградување. Постојано пристигнуваат прашања во врска со овој концепт и различни идеи за понатамошно подобрување на проектот.
* Фотографијата е направена во периодот пред Ковид-19
Појадок со Генералниот Директор
Да, точно. Генералниот Директор на Рамстор многу често знае да појадува заеднички со вработените во маркетите каде што се разговара за нивните очекувања, задоволство, предлози и други прашања кои ги интересираат вработените.
* Фотографијата е направена во периодот пред Ковид-19
ВИЕ ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА РАБОТАТА, НИЕ ЌЕ СЕ ПОГРИЖИМЕ ЗА ВАШАТА КАРИЕРА.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО RAMSTORE!
Следете го профилот на РАМСТОРЕ Македонија