Новиот извештај на социјалната мрежа Linkedln покажува некои позитивни навестувања во односот жени и мажи кога е во прашање работата. Така, според анализа на профилите на 568 занимања, вработувањата во 23 сектори преминало од мажи на жени во последните пет години.
Работата која имала најмногу придобивки кај новите вработени е улога на менаџер во малопродажба. Во 2015 година, 47 проценти од новите вработувања биле жени; во 2019 година 65 проценти од новите вработувања биле жени.
Другите работи кои постигнале паритет при вработувањето вклучуваат улогите во маркетинг, деловно опкружување и здравствена заштита.
Бројот на жени кои се вработуваат е подобрен за 68 проценти од професиите кои LinkedIn ги анализирал.
Образованието би можело да биде главен фактор зошто сè повеќе жени се вработуваат, вели Лаура Лоренцети, уредничка во LinkedIn.
“Економијата создаде точно 10 пати повеќе работни места во секторот услуги отколку во секторот производство на стоки во 2019 година – изјави Јулија Полак, економист на пазарот на труд во ZipRecruiter. – Значи, била таа многу слаба година за индустријата во која доминираат мажи, индустрија за нафта и гас и многу силна година за индустрии во кои доминираат жени, како што се здравствената заштита и образование”.
Експертите укажуваат на неколку начини кои можат да го подобрат паритетот во процесот на вработување и напредување, вклучително поголем пристап до менторство и спонзорство, како и ограничување на родовата пристрасност во работата.
Лоренцети додава дека жените кои имаат уеспех јавно може да ги инспирираат другите жени да ја разгледаат работата за себе. Кога повеќе жени ќе се приклучат на теренот и ќе успеат, тоа може да има трајно влијание на тоа каков вид работник се потикнува и поздравува, да се придружат во одредени професии.
Еве ги највисоките работни места на кои жените оствариле најголемо влијание:
10. Менаџер за корисничка поддршка
Просечна плата: 55.000 долари годишно
9. Советник за заштита на животната средина
Просечна плата: 57.800 долари годишно
8. Специјалист за анимација
Просечна плата: 43.900 долари годишно
7. Веб дизајнер
Просечна плата: 52.000 долари годишно
6. Дизајнер
Просечна плата: 80.000 долари годишно
5. Специјалист за јавна политика
Просечна плата: 57.800 долари годишно
4. Стоматолошки техничар
Просечна плата: 22 долари на час
3. Медицински работник
Просечна плата: 105.000 долари годишно
2. Графички менаџер за производство
Просечна плата: 62.400 долари годишно
1. Менаџер за малопродажни операции
Просечна плата: 55.300 долари годишно