Патот од практикант до специјалист за човечки ресурси на Ана Атанасовска од компанијата КОЛА
Првото работно искуство или патот до првата работа е сериозен чекор за голем број млади луѓе кои одлучуваат да се вклучат на пазарот на работна сила. Тоа е еден прекрасен период низ кој секој од нас некогаш поминал и извлекол знаење, искуства и познанства кои остануваат за целиот живот. Токму затоа е важно да се избере вистинската компанија која е подготвена да ви го понуди сето тоа.
Едно такво искуство или една таква практикантска приказна која подоцна резултираше и со вработување неодамна имавме во компанијата КОЛА – компанија која сериозно е посветена на инвестирање и вложување во млади кадри.
Прочитајте го нашето интервју со Ана Атанасовска која пред неколку месеци започна како практикант, а денес работи како Специјалист за човечки ресурси во КОЛА.
Што ве мотивираше да се пријавите за пракса во КОЛА?
Добив одлични препораки за Кола како компанија, па така наидов на оглас за практикантска работа на што позитивно одговорив, на обострано задоволство се заврши онака како што и замислував и ете ме, дел сум од тимот на Кола.
Како би ги опишале 3-те месеци како практикант во КОЛА?
Одлично. Иако сме на самиот почеток, можам да кажам дека очекувањата за досегашниот дел ми се целосно исполнети, а најголем впечаток ми остави што Кола е компанија која секојдневно вложува во развој на своите вработени, преку обуки, работилници и сл. Драго ми е што уште на самиот почеток се почувствува синергија и што сите колеги си помагаат и се отворени за соработка.
Што е тоа што КОЛА ви го го понуди на вам како практикант?
Можноста за учење. Добив значителна надоградба на она малку што го знаев за областа претходно, секако благодарение на посветеноста и стручната спремност на мојот ментор. Луѓето и атмосферата што се создава на работа. Работам со луѓе кои се мотивирани и си ја сакаат работата, на проблемите гледаат како на предизвик и секогаш се спремни да споделат знаење и искуство.
По завршувањето на вашата пракса добивате понуда за вработување. Кој беше пресудниот фактор за да ја прифатите оваа понуда?
Кола како компанија охрабрува професионален раст и развој на своите вработени, поддржувајќи ги во секој аспект од нивниот кариерен и личен развој, се работи тимски, се споделуваат заеднички вредности односно е компанија која обезбедува долгорочна стабилност.
Која е вашата нова работна позиција и како изгледа вашиот работен ден сега?
Моментално сум дел од секторот за човечки ресурси на работна позиција Специјалист за човечки ресурси. Она што е поразлично од изминатиот период е што сега имам точно дефинирани работни задачи, дадени ми се насоки за работа односно обезбедена ми е повратна информација.
Дали би ја препорачале компанијата КОЛА на некој ваш пријател заинтересиран за вработување или пракса?
Да, секако. Доколку сакате постојано да се надоградувате, да работите во средина со професионален и отворен однос каде се негува искрена и транспарентна комуникација тогаш Кола е вистинскиот избор.
Како би ја опишале компанијата КОЛА во една реченица?
Компанија со семејни вредности, стабилна, посветена и лојална.