Во тек е големата акција на компанија Mozzart во која донираат лаптоп компјутери во основни училишта, наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.
Досега Mozzart донираше лаптоп компјутери во ООУ Невена Георгиева Дуња во Општина Кисела Вода и ООУ Јан Амос Коменски во Општина Карпош, а сега дел од нивната донација е наменета за учениците од Основно општинско училиште Блаже Конески во Општина Аеродром.
Од училиштето се заблагодарија на Mozzart за реализираната донација и истакнаа колку се важни овие општествено одговорни активности за време на глобалната пандемија. „Голема благодарност до компанија Mozzart за донацијата на лаптоп компјутери кои ќе се доделат на ученици од социјално ранливи категории, а во моментов не се во можност непречено да ја следат онлајн наставата. Ова е навистина прекрасен гест кој се надеваме дека ќе го следат како пример и останатите компании и ќе бидат општествено одговорни во средината во која работат.“ – изјави директорката на училиштето, Сузана Настовска.
Од Mozzart се надеваат дека со оваа акција ќе помогнат онаму каде што е најпотребно и на одреден број ученици ќе обезбедат услови за да можат непречено да ја следат онлајн наставата, која е наметната како вистински предизвик во услови на пандемијата на коронавирусот.
„Уште од почетокот на пандемијата постојано реализираме бројни општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ги носи, а овој пат во фокус се основните училишта и учениците кои не се во можност непречено да учествуваат во образовниот процес. Преку донацијата на лаптоп компјутери имаме за цел да помогнеме онаму каде што е најмногу потребно, а со оваа акција продолжуваме и во наредниот период.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.