Шпанската влада ја анализира можноста за воведување на четиридневна работна недела, а некои компании веќе го применија овој систем.
Пабло Иглесијас, вицепремиер и претседател на левичарската партија „Унидас Подемос“, рече дека се размислува за намалување на работното време за зголемување на вработеноста.
Од друга страна, корпорацијата Унилевер најави дека ќе примени четиридневна работна недела во Нов Зеланд за, како што наведоа, благосостојба на работниците и зголемување на нивната продуктивност.
Оваа идеја постои веќе неколку години, а пандемијата на коронавирусот поттикна многумина да размислат за постојниот економски и социјален систем.
Пандемијата принуди голем број компании да отпуштат некои работници за да можат да продолжат со своите деловни активности.
Затоа се повикува на поголема помош за луѓето со ниски примања и оние кои работат во сектори тешко погодени од кризата, објавува магазинот Блумберг.