Германски Teleperformance - најголемата глобална компанија за кориснички услуги неодамна го отвори своето ново претставништво во Македонија каде се очекува да се вработат 300 лица!
По тој повод, Teleperformance организира Денови на отворени врати во Тетово и Гостивар со цел да ја информира пошироката јавност и сите заинтересирани кандидати за можностите за вработување во компанијата како Агент за кориснички услуги. Основниот услов кој треба да го исполнуваат кандидатите е да го зборуваат германскиот јазик.
Во Тетово, Деновите на отворени врати ќе бидат организирани во вторник и среда на 15 и 16 декември од 09:00 до 19:00 часот во хотелот „Лирак“, а во Гостивар во четврток на 17 декември од 09:00 до 19:00 часот во хотелот „GC Gili“.
#РаботиОдДома директно од твојот град!