Скопје го добива првиот Музеј на илузии којшто ќе биде отворен денеска и се очекува да придонесе кон зголемување на забавните содржини во градот, а несомнено ќе биде и мета на гости од Македонија, а и од странство.
На самото отворање пред присутните ќе се обратат Благица Илиќ, ПР на Музејот на илузии и директорот на Агенцијата за промоција на туризмот Љупчо Јаневски.
Предвидено е заедничко разгедување на Музејот, а како што велат организаторите нудат „незаборавно визуелно и сензуално искуство на погрешно толкувана перцепција, која нуди многу забава низ трите ката проткаена во мноштво соби и галериски експонати“.
Музсејот се наоѓа на улица Максим Горки бр. 10, Скопје, спроти швајцарска Амбасада.
Музејот ќе работи секој работен ден од 8 до 20 часот, а за време на викендите од девет часот до 20 часот.