Aлармот произведува силен звук ако вработениот премногу се доближи до свој колега.
Производителот на марамчиња и тоалетна хартија предизвика непријатност кај некои вработени во Франција откако ги замоли да носат уреди коишто активираат аларм доколку тие ги прекршат правилата за дистанцирање на работа.
Алармот емитува предупредувачки звук од 85 децибели, што одговара на јачината на звукот на косилка, ако некој вработен премногу се доближи до колега, пишува 24 часа.
Алармот треба да се тестира во француските погони на производителот на средства за хигиена Essity, инаку шведска компанија која произведува сапуни, салфетки, санитарни производи и хартија.
Синдикатот на ЦФДТ ги осуди алармите како систем споредлив со оној што се користи за да се спречи лаење на кучињата, додавајќи дека тоа е стресно за вработените.
Портпаролот на компанијата Карл Столц, на прашањето за коментар, за Афп изјави дека алармот се тестира само во Франција. На вработените им било кажано дека има аларм за нивната безбедност и дека тие ќе бидат неактивни во тоалетите, мензите и ординациите.
Алармите се анонимни и компанијата нема начин да утврди кој вработен носи уред, според управата.
Кристин Дугет, претставник на синдикатот на ЦФДТ, предвидува дека проектот ќе пропадне.
„Тоа е целосна глупост“, заклучи таа.