
Едно момче од Аризона се нашло во проблеми, откако глумел дека е киднапиарн, со цел да избегне одење на работа.
Полицијата неодамна добила дојава, за маж кој лежи, со врзани раце на грбот. Веднаш е испратен полициски автомобил, кој набрзо известил дека нашле машко лице, кое било врзано на улица.
„Жртвата е идентификувана како 19-годишен маж, кој рекол дека го киднапирале две маскирани лица. Според неговите наводи, тие го удриле во глава и после тоа се онесвестил и се разбудил таму каде што бил пронајден“, пренесува „Одити Централ“.
Полицијата извести дека е спроведена темелна истрага и пронајдени се докази дека неговата приказна е измислена и дека немало киднапирање, ниту напад.
Момчето признало дека сето тоа го измислил, за да избегне одење на работа.