Одливот на високообразовани луѓе во Македонија станува сериозен проблем. Заминувањето на високообразовани граѓани во странство резултира со недостиг на образован и квалификуван кадар во фирмите во земјава.
Во 2010-та година, според проценките на Светска банка 29,1% од високо образовани луѓе во земјава заминале да живеат или работат во странство. Девет години под состојбата е драстично влошена.
„Според последните податоци и издадената анализа во 2019-та година стапката високо-образован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изnesuva скоро 40% или повеќе од една третина од високообразованиот кадар“, нотира анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите“ на државните ревизори.
Министерството за внатрешни работи регистрирало 5.000 нови луѓе кои пријавиле престој во странство – или ја напуштиле Македонија. Според Државниот завод за статистика, пак, само за една година за повеќе од четири пати е зголемен бројот отселени граѓани со високо образование, драматично се зголемува бројот.