Рамсторе Македонија е ланец од 28 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 15 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа - семејство на своите вработени.
Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети. Во 2020 година имавме можност да ја завршиме со новитет за нашата компанија и прилагодување на новото нормално време имплементирајќи нов канал на услуга и пристапност на нашите ценети потрошувачи. Започнавме со нашето првенче, нашата онлајн продавница “Рамсторе до дома” која нуди целосно искуство на онлајн пазарување.