8 Март не претставува ден на цвеќето, журка со колешките од работа и другарките. 8 ми март е многу повеќе од цвеќе и забава
Денот на жената - Се слави секоја година на 8 март, овој ден представува симбол на историското движење што го поминале жените ширум светот за да си го подобрат својот живот. Тоа ни покажува дека патувањето е долго, но не застанало таму каде што е. Туку жените продолжуваат да се борат и денес.
Историја и значење: Меѓународниот ден на жената се слави повеќе од еден век. Но, многу луѓе мислат дека тоа представува една феминистичка кауза, но корените на овој празник лежат во работничкото движење. Тоа движење беше организирано од страна на марксистите предводено од Клара Цеткин, за прв пат во 1911 година почетокот на 20 век.
Клара Цеткин е родена во 1857 година во германскиот град Видерау. Таа била наставник и била поврзана со Социјал Демократската партија ( СПД) тогаш таа била една од најголемите политички партии во земјата тогаш. Цетик била дел и од работничкото движење и движењето на жените.
Во 1880 години кога антисоцијалистичките закони биле спроведени од страна на германскиот лидер Ото Фон Бизмарк, Цетикн заминала за Франција и Швајцарија. За тоа време, таа пишувала и дистриубирала пропишана литература и се сретнала со водечките социјалисти од тоа време. Цеткин, исто така одиграла значајна улога во создавањето на Социјлистичка Интернационална.
По враќањето во Германија, таа станала уредник на германскиот весник за жени “Die Gleichheit”- („Еднаквост“). На таа функција била од 1892-1917 година. Во СПД Цеткин била поврзана со мислителот и револуционер на Левицата – Роза Луксенбург. Во 1910 година – три години како станала коосновач на на Интернационалниот Социјалистички женски когрес – Цеткин на конференцијата предолжила 28 февруари да се слави како Ден на жената во сите земји во светот.
На таа конференција присуствувале 100 жени, од 17 земји со синдикати, социјалистички партии, работни клубови за жени и жени законодавци едногласно го одобруваа предлогот. Денот на жената за прв пат беше обележан во 1911 година.
Две години подоцна, во 1913 година, датумот е променет во 8 март и тој продолжува да се слави како таков секоја година.