Денот на жената, 8 Март е од особено значење бидејќи ја означува борбата на жените за: родова еднаквост, еманципација, еднаков статус и еднакви можности во сите сфери на општеството
8 Март не е тука за да ги потсети само жените за нивната улога во животот, туку овој ден е потсетник и за мажите дека сите имаме заедничка обврска да кажеме НЕ за дискриминацијата по било која основа.
Затоа овој датум на уникатен и забавен начин, беше одбележан и во компанијата КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола.
Оваа година, поради актуелната ситуација со пандемијата, почитувајќи ги сите мерки за заштита од корона вирусот, акцентот беше ставен на соодветна симболика за заедништво и еднаквост. Сите вработени на овој ден носеа исти маици со креативен натпис во контекст на специфичностите на природата на работа во оваа компанија и силна порака за: пријателство, поврзаност, сплотеност, емпатија и човечност.
На овој начин целта беше да се пренесе порака дека сите луѓе се еднакво важни, без разлика на полова припадност, работно место, националност, религија, индивидуални особини или било какви други карактеристики и дека секој со својата работа придонесува за успешноста на компанијата.
Различните бои на работните униформи кои редовно се користат за препознавање на работните сектори и служат да го олеснат работниот процес во овој голем колектив, беа заменети со нова боја, иста за сите вработени и порака дека најважно е да се препознае дека многу повеќе нешта нѐ поврзуваат, отколку што нѐ разделуваат.
„Душата и срцето имаат иста боја кај сите луѓе. Сите доживуваме и изразуваме емоции во среќни и тажни моменти, во лесни и тешки времиња. Сите сме си потребни едни на други и затоа многу е важно да се ослободиме од предрасудите, да си помагаме и бидеме едни на други најголема поддршка бидејќи сме создадени различни за да се надополнуваме.“ – изјавија дел од вработените во компанијата.
За убаво расположение беше подготвено видео со специјална порака во кое главните „глумци“ беа дел од нивните колеги и соработниците кои на интересен и хумористичен начин им го честитаа празникот на сите дами, потенцирајќи дека секој ден треба да биде ден на жените и воедно го потсетија целиот колектив за улогата и значењето на жената во сите сфери на општеството. Музика за сечиј вкус, специјален десерт и стикери со мотивирачки пораки ја направија атмосферата уште поинтересна во текот на овој уникатен ден.
Фактот што КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола е еден од најголемите рабодотавачи во државата говори за големината и важноста на оваа компанија за регионот, за влијанието кое го има во општеството, но и за одговорноста да продолжи со праксата да биде компанија која е добар пример за рамномерна застапеност на жените во сите нивоа на организационата струтура, пример за социјална одговорност и инспирација каде многу луѓе добиле шанса да почнат од почеток.
Оваа компанија веќе повеќе години покажува пример како еден голем тим, со многу различни членови во него, од различни градови, села и населени места, етничка припадност, образование, возрасти, религии, претходно искуство, карактери, различни желби...сепак може да функционира како добро подмачкана машина затоа што на крајот на денот сите сме луѓе, а сѐ се прави за луѓето и со нив.