Со почетокот на летната туристичка сезона на 1 мај, Бугарија ќе воведе зелен сертификат за сите туристи кои можат да влезат во таа земја без никакви проблеми.
Доколку туристите не се вакцинирани, ќе треба да направат тест за антитела, или ПЦР тест, пренесува БНТ.
Ќе бидат примени и туристи со руска вакцина. Ова го соопштија премиерот и министерот за здравство.
Бојко Борисов повтори дека инсистира на Европската комисија за строго спроведување на веќе склучените договори со давателите на вакцини.