Според изјавите на епидемиологот, многумина ги прифатиле ограничувањата како што се носење на маски и држење на растојание, а економијата сè уште функционира.
Носењето маски на лице и држењето на дистанца може да потрае уште неколку години додека не се вратиме во нормала, предвиде водечката британска епидемиолошка Мери Ремзи.
Ремзи изјавича дека основните мерки можат да бидат на сила се додека другите земји успешно не ја спроведат вакцинацијата, пренесува Би-Би-Си.
Таа додаде дека враќањето на големите настани со публиката како што се концертите, бара внимателно следење на препораките и јасно следење на упатствата за да бидеш заштитен.
„Луѓето се навикнати да живеат со овие ограничувања кои што се пониско ниво и луѓето можат да живеат со нив, а економијата сè уште може да продолжи со оние помалку строги ограничувања“, изјави Рамзи.