За половина денар се намалува цената на бензините од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Со тоа, од полноќ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 56,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар и неговата нова цена ќе биде 45,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,818 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена и согласно тоа ќе се продава по цена од 35,393 денари за килограм.