ФФМ на репрезентативците им додели премија од 40.000 евра.
Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ) ќе ги награди репрезентативците и покрај поразот во Букурешт. Македонија, синоќа, загуби од Романија со 2:3, откако во две минути успеа да ја анулира предноста на Романците од два гола.
„Репрезентативците, согласно очекувањата, одиграа квалитетен натпревар. Поради тоа сакаме да им дадеме поттик во продолжението на квалификациите за СП 2022. Ова е само почеток на патот кон Мундијалот“, изјавил првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.
Македонија, во квалификациите за СП, на 28.март ќе го пречека Лихтенштајн, а на 31.март ќе гостува во Германија.
Извор: https://info.mk/