Микросам деновиве заврши со инсталација и прием на најнова специјално дизајнирана машина за преработка на современи композити во Националниот Институт за истражување на воздухопловството (NIAR) на Државниот Универзитет во Вичита – САД.
Лоцирана во Прилеп, „Микросам“ е светски позната како лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за материјалите на иднината или т.н. современи композити. Во своето 30 годишно постоење, „Микросам“ има инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти на компанијата се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за современи композити.
Америчкиот Институт за aвионски истражувања (НИАР) e најголем и најважен истражувачки центар во САД кој соработува со преку 100 клиенти во авионската индустрија, како Boeing, Bombardier Learjet, Cessna, Beechcraft, Spirit Aerosystems, Airbus, и многу други.
Институтот (NIAR) ги избра токму „Микросам“ за производство на овој тип на машина со цел да се олесни целокупното истражување за примена на композитни материјали во нивната Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни системи (АTLAS). Целта на оваа Лабораторија е подготвување на инженерите за она што ги чека во иднина и воведување на автоматизирани технологии на истражување, какви што ги нуди машината на „Микросам“.
Намената на ваквата машина е изработка на импрегнирани ленти од карбонски, стаклени или други влакна, спремни за автоматско полагање (АFP/ATL). Овие автоматизирани процеси се користат во широк спектар на авионски делови за изработка на опашки, крила, трупови и други делови на авиони.
Со машината на „Микросам“ во нашето портфолио на автоматизирана опрема за производство, ние сме во состојба да одговориме на побарувачката од повеќе машини за автоматско полагање на влакна во NIAR. Сега, може навремено да ги спроведуваме истражувањата и да ги поддржиме потребите за препрег ленти на нашите индустриски партнери.“ – вели д-р Варуна Сеневиратне, директор на АTLAS. „Интегрираниот систем за инспекција во процесот на сечење и алгоритмот за откривање на дефекти на машината на „Микросам“ ни овозможува да вршиме контрола на квалитетот на она што го изработуваме“.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: 30 години успех во светски рамки, тим од 180 професионалци - Микросам е бренд амбасадор на Македонија во светот
Целиот текст прочитајте го на faktor.mk