Производителите на шеќерна репка минатата година претрпеа бројни штети, а во Европа има се помалку. На тоа големо влијание имаат ниските цени кои не се доволни за одржливост, но и забраната за употреба на активни материи за заштита на оваа култура. Затворени се голем број шеќерани, а неповолните услови како што се сушата, болестите, штетниците и вирусите го отежнаа производството.
Бидејќи Обединетото Кралство повеќе не е дел од ЕУ, проценките за периодот 2020/21 дополнително се намалуваат на 15,4 милиони тони, што е речиси за 15 % помалку од претходната сезона.
Со оглед на ниските цени, земјоделците ширум ЕУ во текот на 2020 година го намалија производството на шеќерна репка за 2,3 отсто. Така во Франција и Германија шеќерна репа била засеана на помала површини, а тоа воедно е последица на затворањето на погоните за преработка на шеќер во тие две држави, кои се водечки по ова производство.
Според компанијата “Pfeifer&Langen” оваа година се очекува стабилно одгледување на оваа култура во Европа, а сметаат дека тоа ќе придонесе повторно одобрување на неникотиноидите во некои држави кои се користат за нејзина заштита. Станува збор за вид на пестицид кој последните години е критикуван поради нарушување на здравјето на пчелите. Заздравувањето на производството се гледа и низ мерките за намалување на користење на ѓубриво, а дел се од Зелениот план чија цел е намалување на нивната употреба за 20 отсто до 2023 година. Ова индустриско растение е многу ценето како предпосев за друга култура бидејќи позади себе остава земјиште збогатено со хранливи елементи.
Не е спорно дека за шеќерот на пазарот секогаш ќе има место, но терндовите се менуваат па така и кога се во пршање „слатките“. Купувачите се повеќе бираат поздрави алтернативи, а расте и популарноста на стевија, јаворов сируп, оризов слад, кокосов шеќер и слично.
Целиот текст прочитајте го на : https://agrotim.mk/