Сите заинтересирани земјоделци ќе може да поднесат апликација електронски преку веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Од агенцијата велат дека за оваа година предвидени се околу 80 милиони евра за наменети за субвенции на земјоделците.
„По електронското поднесување на барањето апликантите треба да отпечатат два примерока и истите да ги потпишат своерачно по што еден примерок треба да достават до платежната агенција. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба од помош при создавање на електронското барање може да се обратат до подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, рече Никица Бачовски- Директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството.
Извор : https://alsat.mk/