Хари и Меган работат на заеднички ТВ проект и најавуваат спортски игри пред камерите, кои имаат за цел рехабилитација на повредените и болните
Од компанијата на војводата и војвотката од Сасекс, „Archewell Productions“, ја најавија првата документарна серија која ќе биде прикажана на платформата на Нетфликс, под називот „Heart Of Invictus“.
Меган и Хари минатата година потпишаа договор со Нетфликс, за кој се смета дека вреди милиони фунти, пренесува „News sky“.
Од продукцијата најавуваат дека серијалот ќе следи група на луѓе од целиот свет, кои како припадници на вооружените сили 'претрпеле повреди или болести што им го смениле животот', на патот до Invictus games.
Целта на серијалот е да им пружи психолошка и физичка рехабилитација.
Игрите, кои биле закажани во Хаг, во Холандија, во 2020-та година, биле откажани поради пандемијата на коронавирусот.
Принцот Хари е извршен продуцент на серијалот.
„Секој натпревар на свој единствен начин ќе допринесе за приказната за отпорност и одлучност. Оваа серија на луѓето ширум светот ќе им биде како прозорец во емотивните и возбудливи приказни на овие натпреварувачи на патот кон Холандија. Многу сум возбуден поради целиот овој проект, а и горд сум на 'Invictus' заедницата“, рекол прицот Хари.