Vrabotuvanje.com - Политиката за приватност
Сподели
Tweet
Сподели

Политиката за приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Оваа Политика на приватност дава информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страница http://www.vrabotuvanje.com.mk ( во понатамошниот текст “Vrabotuvanje.com.mk или Портал ”) и/или користите некоја од нашите услуги преку истата.  
 
Контролор на збирки на лични податоци
 
Контролор/обработувач на личните податоци е Друштвото за услуги ВРАБОТУВАЊЕ ОНЛИНЕ ДОО Скопје со седиште на ул. Васил Ѓоргов бр. 24/1-5, Скопје, со ЕМБС 7230788  (во понатамошниот текст “Друштвото”).
 
Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од важечкиот Закон за заштита на лични податоци и подзаконските акти.
 
Чии податоци се собираат?
 
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

- На посетители на Vrabotuvanje.com.mk. Порталот употребува колачиња (cookies), а повеќе информации можете да најдете во нашата Политика за користење колачиња (cookies) ;

- На Работобаратели кои креирале корисничка сметка (МојПрофил) и се регистрирале на Vrabotuvanje.com.mk со цел и за потребите на барање, наоѓање и информирање за слободните работни места;

- На Работодавачи кои креирале корисничка сметка и се регистрирале на Vrabotuvanje.com.mk со цел да користат услугите на Порталит и да објавуваат огласи;

- На Работобаратели кои се најавиле на Vrabotuvanje.com.mk за да ја користат услугата - Брза апликација на оглас.  

 
Како ги собираме личните податоци ?
 
Личните податоци ги собираме преку различни начини, вклучувајќи:

- Податоци кои Корисникот ги внесува при регистрација на Порталот;

- Податоци кои Корисникот ги внесува при пополнување на својот кориснички профил;

- Податоци кои Корисникот ги открива и наведува при комуникација со преку нашата служба за корисници, преку објавените е-mail адреси и телефонски броеви или преку пошта;

- Податоци за Корисникот при користење на Порталот, вклучувајќи и оние кои доброволно ги остава при формите за аплицирање на огласи и пополнување анкети на Порталот;

 
Вашите податоци ги обработуваме за  конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.
 
Категории на податоци кои се обработуваат
 

- Лични податоци за Корисници/Работобаратели на Порталот, кои е неопходно да се внесат при регистрација и отворање на корисничка сметка (МојПрофил), за целите на користење на услугите на Порталот - Vrabotuvanje.com.mk (е-маил адреса, име, презиме, пол, датум на раѓање, адреса, поштенски број, град, држава, стручна спрема, категорија, контакт телефон). Секој Корисник може дополнително и самостојно по своја волја да внесува податоци во својот Профил кои се однесуваат на неговото образование, работно искуство, CV, молба за вработување и преостанати документи и податоци за да ги користи во својот Профил и/или за пријава на огласи од Работодавачите. Напоменуваме дека Друштвото нема пристап до податоците наведени во Корисничкиот Профил;

- Лични податоци за Корисници кои не се регистрирани на Порталот, кои е неопходно да се внесат при најава на Порталот - Vrabotuvanje.com.mk за целите на користење на услугата – Брза Апликација на оглас (име, презиме, е-маил адреса, контакт телефон). Секој Корисник може дополнително и самостојно по своја волја да прикачи CV, молба за вработување и преостанати документи и податоци при брза апликација на огласи од Работодавачите;
 
- Податоци за Корисници/Работодавачи кои е неопходно да се внесат при регистрација и отворање на корисничка сметка, за целите на користење на услугите на Порталот - Vrabotuvanje.com.mk   (е-маил адреса, име и презиме, вид на компанија, дејност, назив на компанија, дејност на компанија, адреса, поштенски број, град, држава, контакт телефон, вебсајт, број на вработени);
 
- Податоци кои ги собираме при комуникација со Корисниците кои не контактирале за техничка или административна поддршка или соработка преку преку нашата служба за корисници;
 
- Податоци за маркетинг и известувања, доколку сте дале согласност за обработка ( е-пошта и/или контакт телефон). 
 
Врски со трети веб страници и сервиси
Содржините кои Порталот Vrabotuvanje.com.mk ги објавува може да содржат врски (линкови) до веб страници и сервиси на трети лица на кои не се однесува оваа Политика за приватност. Ние не сме одговорни за практиките на овие трети веб страни и сервиси и Ве советуваме да се запознаете со содржината на нивните Политики за приватност.
 
Основ за обработка на личните податоци
 
Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако:
- сте ни дале согласност за обработката (член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци), која имате право да ја повлечете во било кое време; или
- обработката е неопходна за извршување на договор (член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци) во кој Вие сте договорна страна или за да се преземат активности на Ваше барање пред Ваше пристапување кон договорот; или
- обработката е неопходна за целите на наш легитимен интерес (член 10 став 1 став 6 од Законот за заштита на личните податоци), без да се наруши вашето право на приватност и доверливост, а за постоењето на ваков легитимен интерес, ќе Ве известиме во врска со конкретната обработка;
- обработката е потребна за исполнување на наша законска обврска (член 10 став 1 алинеја 3 од Законот за заштита на личните податоци).
 
Согласност за обработка на лични податоци
Со користење на Порталот Работодавачите кои се физички лица и Работодавателите даваат изречна согласност на Друштвото за собирање и обработка на нивните лични податоци кои се дадени при регистрација или најава за брза апликација и се достапни во нивните Кориснички Профили и/или преку објавување на CV, молба или било кој друг документ.
 
Работодавачите кои се физички лица и Работобарателите можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност без никакво дополнително објаснување со испраќање на барање на адресата на Друштвото за отповикување на согласноста и деактивирање и/или бришење на корисничката сметка. 
 
Преку одбирање на опцијата “видлив на работодавачите“ и користење на Порталот со аплицирање на објавени огласи, Работобарателите даваат изречна согласност на сите Работодавачи на чиј оглас аплицирале, да можат да пристапат до нивните лични податоци наведени во Корисничкиот Профил, (кој покрај податоците од задолжителните полиња, по желба на Работобарателот  да вклучува и други документи, како: лична биографија - CV, молбата за вработување и друго) и истите да ги обработуваат во постапката за избор на кандидат за пополнување на позицијата од огласот.
 
Работобарателите кои немаат Кориснички профил во одредени ситуации можат да аплицираат на одредени огласи на Порталот преку услугата Брза апликација. Со одбирање на опцијата “Брза апликација” и потврда на апликацијата,  Корисникот дава изречна согласност на Работодавачот за пристап и обработка на сите негови лични податоци наведени во Најавата и приложените документи - CV-то, молбата за вработување и другите документи.
 
Согласноста за собирање и обработка на лични податоци во согласност од одредбите од Законот за заштита на лични податици се дава исклучиво за целите на аплицирање на огласи за Работни места, како и за вршење на сите други активности кои се строго поврзани со огласување и аплицирање на огласи за Работни места и не можат да се употребат за друга цел. 
 
Употребата на податоците за било која друга цел (копирање, транскрипција, дистрибуција, итн.) без согласност на Друштвото и Работобарателите, односно Работодавачите (физичко лице) за масовна дистрибуција, промотивни пораки и слични работи е строго забрането. Друштвото ќе ги извести надлежните органи, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на Државното обвинителство на Република Северна  Македонија, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на личните податоци. 
 
Работодавачите се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработката  на личните податоци и да ги преземаат сите технички и организациски мерки за заштита на тајноста и безбедноста на личните податоци на Работобарателите во согласност со Законот за заштита на личните податоци и да ги користат личните податоци единствено за целите на селекција и избор на кандидати во врска со објавен оглас за работно место во согласност со применливите закони. 
 
Друштвото не одговора за неовластено откривање или било каква незаконска обработка на личните податоци на Работобарателите од страна на Работодавачите и нема да биде одговорно за надомест на материјална и/или нематеријална штета што би можела да биде предизвикана.
 
Цели на обработка на личните податоци 
 
Личните податоци ги собираме за конкретни и јасно утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со  Законот за заштита на лични податоци. 
 
Личните податоци се обработуваат за давање услуги и исполнување на договорни обврски односно за пристап, регистрација и користење на  Vrabotuvanje.com.mk, преку објавување на огласи за Работни места од страна на Работодавачите, и складирање биографии и други кориснички податоци во базата на профилот, за нивна достапност, во согласност со избраните поставки од страна на Работобарателот за целите на аплицирање на објавен оглас на Порталот.
 
При регистрацијата на Корисниците им се нуди можност за одбирање соодветна опција за добивање месечен newsletter за Работобаратели односно за Компании. Ваквата согласност може да биде повлечена во секое време.
 
Пренесување на корисници на лични податоци
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата Порталот, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги кои Друштвото ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на друштвото и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
 
Кој има пристап до Вашите податоци?
Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за овозможување и давање на нашите услуги и исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.
 
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката – овозможување и давање на нашите услуги и извршување на склучени договори.
 
Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:
- наши законски или договорни обврски;
- податоците дадени при регистрација, најава, или наведени во Корисничкиот профил, како и податоците дадени за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;
- времето потребно за обработка на барањето или приговорот (доколку е поднесен приговор).
 
Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивите за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони.
 
Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
 
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци (право да бидете информирани за какви цели се обработуваат ваши податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, временскиот рок на чување, нашите легитимни интереси, корисниците на кои се пренесуваат...);
- право на пристап до личните податоци (имате право да добиете потврда дали се обработуваат вашите лични податоци и доколку се обработуваат, да добиете пристап до личните податоци и информации за обработката);
- право на исправка на личните податоци (ако најдете грешки во вашите лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци); 
- право на бришење на лични податоци / право да се биде заборавен (можете да побара бришење на Корисничкиот профил и личните податоци од базата на Корисници); 
- право на ограничување на обработката на личните податоци (под услови утврдени со закон, можете да побарате ограничување на Обработката на вашите лични податоци);
- право на приговор (имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци, како и приговор на обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг);
- право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци во секое време (доколку сте дале согласност за обработка на личните податоци).
 
Корисникот во секое време има пристап до својот Кориснички Профил со својата лозинка и може да ги измени и исправи неточните или да ги дополни нецелосните лични податоци, да ги смени поставките за приватност, или да го деактивира Профилот.
 
При регистрацијата Работобарателот самостојно ја поставува својата лозинка, која не смее да ја споделува со трети лица, и сноси целосна одговорност за тајноста на лозинката и користењето на Порталот по пат на податоците за пристап. Работобарателот може да го извести Друштвото доколку се посомнева на неовластена употреба на своите податоци за пристап.
 
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци - Марија Нешиќ, marija@vrabotuvanje.com.mk 
 
Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе на следниот начин:
- електронски на следната адреса на електронско сандаче marija@vrabotuvanje.com.mk 
- по пошта на адреса - ул. Васил Ѓоргов бр. 24/1-5, Скопје
 
Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:
- име и презиме на субјектот на лични податоци;
- контакти за повратни информации - адреса, телефон, адреса на електронско сандаче;
- барање  со опис на барањето.
 
Право на поднесување на барање до АЗЛП  
Ако сметате дека начинот на кој Друштвото ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.
 
Промена на политиката за приватност
Со пристапување и користењето на Vrabotuvanje.com.mk изјавувате дека се согласувате со оваа Политика за приватност.
Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности за што ќе бидете информирани. Ве молиме да ја посетувате Политиката за приватност и да се запознаете со нејзините промени и дополнувања.
 
Безбедност на податоците
Друштвото ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивно случајно или незаконско уништување, губење, неовластено откривање или пристап, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци и применливите подзаконските акти. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде