Врз основа на член 160 став (3) од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 82/18, 154/2019 и 178/2021), a во врска со член 22 став (1) алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19), одлуката на Ректоратот за распишување на јавен оглас од 16.07.2024 година Меѓународниот балкански универзитет во Скопје на ден 16.07.2024 објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на 4 (четири) лица
Меѓународниот балкански универзитет во Скопје има потреба има потреба за вработување на 4 (четири) лица на следните работни места:
- Лабораториски техничар – четири (4) извршители
Општи услови
- Кратка Биографија (CV)
- Диплома за завршено средно образование од областа на: хемиско-технолошка, фармацевтска, медицнска струка или друга слична техничка струка.
- Положен стручен испит
- Факултетска диплома во областа ќе се смета за предност
- Претходно искуство во областа (најмалку една година) ќе се смета за предност
- Способност да комуницира на англиски јазик
Посебни услови
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Да поседува комуникациски вештини, организациски вештини и мултитаскинг способности;
- Длабоко познавање на лабораториските безбедносни регулативи е задолжително.
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 8:30 до 16:30
Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- мотивационо писмо;
- целосна биографија (CV);
- дипломи за завршено образование (копија);
- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
Документите треба да бидат поднесени во електонска форма на следната емаил адреса: hr@ibu.edu.mk
Документите треба да бидат поднесени најкасно до 05.08.2024.
Само потесниот круг на кандидати по барање на Меѓународен балкански универзитет дополнително ќе треба да достави печатена форма од горенаведените документи.
Некомплетните апликации нема да бидат земени предвид.
Меѓународен балкански универзитет, ул. Македонско-косовска бригада бб, 1000 Скопје
МЕЃУНАРОДЕН БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Македонско-косовска бригада бб, 1000 Скопје
Тел: +389 2 55 15 000
Емаил: hr@ibu.edu.mk
Веб-страна: www.ibu.edu.mk