Vrabotuvanje.com - Помлад соработник за подготвување на материјали за седници на Советот, Одделение за правни и општи работи, Сектор за правни и општи работи и јавни дејности - Берово - ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ovaj oglas nije aktivan. Prijava na njega nije moguća.

Помлад соработник за подготвување на материјали за седници на Советот, Одделение за правни и општи работи, Сектор за правни и општи работи и јавни дејности

Берово

Rok prijave:

  • ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 229/2024

 државни службеници од група I, подгрупа I во Општина Берово 

1. УПР0101В04000 Помлад соработник за подготвување на материјали за седници на Советот, Одделение за правни и општи работи, Сектор за правни и општи работи и јавни дејности (1) 

Општи услови
  • -   да е државјанин на Република Македонија,
  • -   активно да го користи македонскиот јазик,
  • -   да е полнолетен,
  • -   да има општа здравствена способност за работното место,
  • -   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
  • - ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент) или Јавна управа и администрација
  • - со или без работно искуство во струката
   Општи работни компетенции
  • - решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • - учење и развој
  • - комуникација
  • - остварување резултати
  • - работење со други/тимска работа
  • - стратешка свест
  • - ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • - финансиско управување
   Посебни работни компетенции
  • - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
  • -   Работни денови понеделник-петок
  • -   Работни часови неделно 40
  • -   Работно време од 07:30 до 15:30
  • -   Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 27.984,00 Денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2024 год. се : Македонец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 - административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Državna služba i neprofitne organizacije iznosi 32.203 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje