Vrabotuvanje.com - Асистент за финансии и сметководство - Скопје - Авицена Лабораторија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ovaj oglas nije aktivan. Prijava na njega nije moguća.

Асистент за финансии и сметководство

Скопје

Rok prijave:

  • Авицена Лабораторија

Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013,објавува

ОГЛАС
за работното место

АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО
 

Опис на работната позиција:

  • Асистентот за финансии и сметководство е одговорен за квалитетно и навремено извршување на доделени стручни работни задачи од областа на сметководство и финансии како и административна поддршка во секторот.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование или ВСС (Економија, Финансии или друга соодветна област)
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање работа со компјутери-MS office

Работни одговорности:

  • Водење синтетичка и аналитичка сметководствена евиденција на побарувања и обврски;
  • Врши благајничко работење (евиденција и исплата на патни сметки);
  • Води евиденција и врши проверка  на дневен промет како и грижа за фискалните уреди во лабораторијата;
  • Редовно комуницира со државни институции, надлежни во областа на финансиско работење во насока на правилно толкување на специфични прописи и нивна примена;
  • Води евиденција и следи договори со комитенти;
  • Спроведува нарачки за потрошен материјал за лабораториските оддели.

Потребни вештини и способности:

  • Организациски вештини
  • Комуникациски вештини
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Следење на иструкции и процедури за работа
  • Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

Работно време од 40 часа неделно - од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Асистент за финансии и сметководство” или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 7 (седум) работни дена, односно од 16.09.2024 година до 24.09.2024 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :

  • доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
  • од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
  • над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

Адреса:
​Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1,
1000 Скопје
За повеќе информации:
www.avicenalab.com.mk

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Ekonomija, financije i računovodstvo iznosi 28.521 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje