Vrabotuvanje.com - Продажен персонал - Скопје - ДПУ АНДРЕЈ КОМПАНИ ДООЕЛ Штип
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Продажен персонал

Скопје

Rok prijave:

  • ДПУ АНДРЕЈ КОМПАНИ ДООЕЛ Штип

ДПУ АНДРЕЈ КОМПАНИ ДООЕЛ Штип распишува конкурс  зголемување на тимот на вработени за работното место:

Продажен Персонал - 2 извршители

Место на работа: Скопје - (ТЦ. „ГАРДЕН  ИН  )

Локација: Влае , Скопје 

Работно време:

  • 40 часа неделно со тоа што работата се одвива во две смени и тоа: прва смена од 9.00-16.00 часот и втора смена од 14.00-21.00 часот од понеделник до петок (7 часа)  и сабота прва смена од 9.00 -14.00 часот и втора смена од 14.00-19.00 часот (5 часа).

Ви нудиме:

  • Редовни месечни примања , константно покачување на плата и  награди за најуспешните
  • Бенефиции и редовни попусти за вработените
  • Тимска работа и пријатна работна атмосфера во која постои тековна обука за едукација  од колегите  со долгогодишно искуство
  • Кариерно напредување

Лични карактеристики на кандидатот:

  • Отвореност за работа во позитивна работна атмосфера
  • Поседување на високо ниво на толеранција
  • Ентузијаст со позитивен став кон работата
  • Лојалност кон организацијата
  • Поседување на дисциплина и морални принципи во работењето
  • Поединец ориентиран кон остварување на резултати.

 

 

Дејноста се реализира согласно Програмата за неработни денови или поточно не се работи во недела и не се работи во деновите кога се неработни денови за сите граѓани на РСМ како и за верски празници од различна вероисповест без разлика што Продавницата се наоѓа во мол.

Потребни документи за аплицирање по оглас:

CV - Кратка биографија со слика на кандидатот

 

Опис на работата:

  • Примање и изложување на робата по правила на компанијата
  • Следење на асортиманот и залихата
  • Услужување на купувачи во склад со стандардите на компанијата
  • Работа на каса
  • Административни активности поврзани со процесот на продажба
  • Извршување на работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место

Услови

  • Минимум ССС степен стручна подготовка
  • Претходно работно искуство не се бара но би се земало во предвид доколку кандидатот има искуство на работната позиција која е огласена
  • Познавање на работа со MS Office (MS Word, MS Excel)

Кандидатот треба да ги поседува следниве вештини во врска со дејноста

  • Развиени вештини за комуникација, особено вербална комуникација
  • Развиени презентациски вештини
  • Тимски играч кој гради соработка и негува тимска работа
  • Способност за учење, развивање и адаптирање на нови средини
  • Справување со специфични околности или проблем ситуации

 

 

Ве покануваме, доколку имате интерес за работната позиција и сакате да бидете дел од тимот на АНДРЕЈ КОМПАНИ  да пратите CV преку полето Брза Апликација

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавување.

Напомена:

Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Контакт тел за кратки информации на 070/211-713

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje