Vrabotuvanje.com - Возач на товарно возило - Скопје - ВИВАКС ДОО
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Возач на товарно возило

Скопје

Rok prijave:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:

ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО

 

Одговорности и задачи:
  • Управува со товарно моторно возило.
  • Врши превоз на стоки до местата наведени во патниот налог и се грижи за навремен утовар и истовар.
  • Се грижи за чистотата и исправноста на возилото, уредна и целосна пропратна документација, како и за навремено спроведување на технички преглед и регистрација.
  • Врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на раководните лица.

Потребни квалификации:
  • ССС
  • Возачка дозвола “Ц“ категорија,
  • Минимум две години работно искуство како возач со „Ц“ категорија,
  • Предходно работно искуство во дистрибуција на производи ќе се смета за предност;

Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, исполнителност, лојалност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална и писмена комуникација.

Ви нудиме:
  • Почетна месечна плата за првиот месец на работа во висина од 35.000-45.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција и додатоците на плата по основ на: минат труд, прекувремена работа, бонус и други) со тенденција за зголемување на платата од вториот месец на работа;
  • Исплата на регрес за годишен одмор;
  • Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
  • Обезбеден оброк;
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО“.

Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 19.09.2024 до 02.10.2024).


Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Promet, transport, pomorstvo iznosi 24.623 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje