Vrabotuvanje.com - Специјалист за апликација - Скопје - БИОТЕК ДОО
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Специјалист за апликација

Скопје

Rok prijave:

 

Биотек ДОО Скопје е реномирана компанија основана во 1999 година која оттогаш континуирано расте и се развива и денес е докажан регионален лидер во продажба на високо квалитетна лабораториска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.

Растејќи и развајќи се, постојано го прошируваме нашиот тим и во моментов имаме потреба од: 

Специјалист за Апликација

Потребни квалификации:

  • Високо образование – Природно математички факултет (дипломиран хемиски инженер или сродна област), дипломиран инженер технолог
  • Претходно работно искуство со аналитички инструменти и апликации во областа на хемијата ќе се смета за предност

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски способности
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа
  • Ориентираност кон рокови
  • Способност за динамична работа и работа на терен
  • Одлично познавање на MS Office
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија, активен возач

Главни одговорности:

  • Апликација на методи за анализа
  • Обука на клиенти во однос на користење на опрема и тестови
  • IQ/OQ/PQ на инструменти
  • Стручна соработка со оддел за сервисирање
  • Поддршка за клиентите во однос на користење на опремата и тестовите
  • Посета на клиенти, грижа за потребите на истите и одговарање на нивните барања
  • Пронаоѓање и отворање на можности за промоција и апликација на нови тестови/опрема
  • Остварување на комуникација и кореспонденција со добавувачи
  • Стручна соработка со останатите сектори во однос на различни активности во работниот процес

Компанијата нуди:

  • Можности за професионален и личен раст и развој
  • Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии
  • Енергична и професионална работна средина
  • Модерни канцеларии во центарот на градот
  • Подароци за родендени и празници
  • Можности за обуки и за напредок во кариерата
  • Конкурентни месечни примања со надоместоци и бонуси
  • Бенефиции за лојални вработени
 

Известување за приватност на кандидати за вработување

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

**Ги замолуваме само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови да аплицираат на огласот.

**Со поднесување на оваа апликација сте согласни да бидете дел од Базата на потенцијални кандидати и за идните новоотворени работни позиции во текот на годината. Доколку сакате Вашата Професионална биографија CV да биде избришана од системот по истек на овој Оглас за вработување, Ве молиме да поднесете барање за бришење на горенаведената е- маил адреса

https://biotek.com.mk/about-us/

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Ekonomija, financije i računovodstvo iznosi 28.521 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje