Vrabotuvanje.com - Асистент на Генералниот секретар - Скопје - Црвен Крст на Република Северна Македонија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Асистент на Генералниот секретар

Скопје

Rok prijave:

  • Црвен Крст на Република Северна Македонија

 

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАШИОТ ТИМ!

Доколку сте професионална, доверлива, добро организирана и мотивирана личност и сакате да работите во динамична атмосфера со можност за напредок во кариерата, Ве поттикнуваме да се приклучите на организацијата која нуди широки можности. 

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија, објавува оглас за работно место:

Асистент на Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса: Црвен крст на Република Северна Македонија 
              Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје 

Потребни квалификации:

  • Образование: Завршено високо образование од областа на општествените науки (правни, политички студии, социјални студии, јавна администрација, бизнис администрација)
  • Работно искуство: Минимум 2 години на слична позиција во областа на административно-канцелариското работење (офис менаџмент)
  • Јазик: Течно говорење и пишување на англиски јазик
  • Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи: Microsoft Teams, Zoom.

Лични карактеристики:

  • Висок личен интегритет и деловна култура
  • Одлични комуникациски, организациски и аналитички способности
  • Способност за работа под притисок и запазување куси временски рокови
  • Способност за работа во тим
  • Иновативност и креативност
  • Мотивираност и лојалност кон организацијата и нејзините цели 
  • Подготвеност за учење и професионален развој
  • Чувство за мултикултурализам, недискриминација и толеранција

Работни должности:

  • Подготвување на дневна работна агенда за потребите на Генералниот секретар  и за потреби на Претседателот;
  • Водење грижа за комуникации со странки кај Генералниот Секретар и Претседателот;
  • Управување со телефонските повици насочени кон централната канцеларија или Генералниот секретар;
  • Примање и пренесување на телефонски и е-маил пораки;
  • Закажување состаноци и средби по задолжение на Генералниот Секретар;
  • Присуствување на состаноци и средби по задолжение на Генералниот Секретар и составување белешки од истите;
  • Комуницирање и соработка со владини и невладини организации, локална самоуправа и јавни институции во земјата и странство;
  • Улога на преведувач за потребите на Генералниот Секретар на состаноците и средбите со претставници од меѓународните организации и институции;
  • Подготовување на информации, извештаи и службени белешки од одржани состаноци и средби на Генералниот секретар во и надвор од канцеларијата на Генералниот Секретар;
  • Редовно и навремено испраќање информации за планирани настани на кои учествува Генералниот секретар до одговорното лице за Односи со јавност;
  • Советување и информирање на Генералниот секретар за конкретни активности;
  • Ракување со службениот печат и штембил на канцеларијата на Генералниот Секретар;
  • Организирање на службените патувања на Генералниот Секретар; 
  • Подготвување на писма и дописи од својата област на работа; 
  • Придружување на Генералниот секретар на службени патувања во и надвор од земјата;
  • Соработка со раководителите и пренесување барања и информации до Генералниот секретар;
  • Подгототовка на неделни, месечни и годишни извештаи за реализираните активности;
  • Координирање на соработката на Генералниот Секретар со секретарите на  ООЦК и Секретарот на ЦКГС;
  • Вршење на други работни задачи по задолжение на Генералниот секретар.
 

Дополнителни информации:

 
Заинтересираните кандидати можат да испратат биографија на: mrc@redcross.org.mk 
 
Рокот за пријавување е 18.10.2024 година.
 
Ве очекуваме. 
 
Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на лични податоци. 
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Ekonomija, financije i računovodstvo iznosi 28.521 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje