Администратор во логистика
Југоисточен регион
Rok prijave:
- ЕУРО ТАБАК ДОО
Оддел: Логистика
Рок за пријавување: 08.11.2024
Позиција: 1
Одговара за квалитетно и навремено изготвување на целокупната магацинска документација од прием до утовар на возило за достава. Врши прием по документи, проверува испорака на стоки и материјали во Централните магацини и ги врши сите административни и технички работи.
Основни одговорности:
- Контрола при прием на стоки и материјали
- Одговара за вршење на влезна контрола на видот и количините на влезни стоки и материјали по испратница
- Одговара за вршење на излезна контрола на видот и количините на излезни стоки и материјали по испратница и товарен лист
- Обезбедува подготовка и достава на потребните документи, информации и налози до возачите кои вршат достава на стоки до купувачите
- Го планира распоредот на возилата за утовар и го комуницира со возачите-доставувачи.
- Управување со податоци и документација
- Пополнува испратници за излезни материјали, како и испратници за фактурирање односно задолжување кај добавувачи и ги евидентира во компјутер.
- Ја контролира исправноста на документацијата и пријавува и исправа евентуални недостатоци.
Проверка и попис на залихи
- Врши секојдневни проверки на состојбите со залихите и го известува претпоставениот.
- Врши проверки на залихи во ситуации на попис, ја утврдува точноста и врши усогласување со материјалната евиденција со цел да го подобри квалитетот и прецизноста на податоците од пописот.
Ако сметате дека
- Вие сте тимски играч
- Сакате работа во динамична средина
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
За возврат Еуро Табак нуди :
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 08.11.2024
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Promet, transport, pomorstvo iznosi 24.623 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!