Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
Локација: Скопје City Mall
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата.
Во моментот бараме позитивни и мотивирани кандидати кои би се приклучиле на нашиот продажен тим во ЕХП Тобако во Скопје City Mall.
Како Продажен Агент ќе бидете одговорни за:
- Продажба на тутунски производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци;
- Набавка, прием и складирање на производи;
- Изложување и редење на производите;
- Работа со фискална каса и издавање на фискални сметки;
- Грижа за уреден изглед на Тобакото.
Доколку сте:
- Комуникативни, љубезни и енергични;
- Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
- Одговорни, самоиницијативни и проактивни;
- Лојални и чесни.
И поседувате:
- Минимално ниво на образование: ССС;
- Основно познавање англиски јазик;
- Основно познавање на MS Office;
- Одлични комуникациски и продажни вештини;
- Висок личен интегритет и деловна култура.
Ние ви нудиме:
- Нето месечна заработка до 35.000 денари;
- Слободен ден за роденден;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
- Работно време 40 часа неделно, во смени.