ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТЈУАРТ ИНСПЕКТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
ВРАБОТУВАМЕ:
Инспектор/Oдговорнo лицe за мерења
Имаме потреба од Инспектор/Oдговорнo лицe за мерења со или без работно искуство во Инспекциско тело за оцена на сообразност и технички прегледи на: лифтови, дигалки, транспортери, виљушкари, рударски и градежни машини, електроенергетски системи и електрични и громобрански инсталации, опрема и заштитни системи за користење во потенцијално експлозивни атмосфери и/или Одделот за безбедност при работа.
Потребни квалификации:
- ВСС - Електротехнички или машински факултет или;
- ССС - Електро-техничар или Машински техничар;
- Активно познавање на англискиот јазик во соодветните области;
- Работа со компјутери;
- Возачка дозвола од Б категорија.
- Предност ќе имаат оние кандидатите кои поседуваат: Тригодишно работно искуство; Положен стручен испит за Стручно лице за безбедност при работа при МТСП на РСМ.
- Потребна документација која треба да ја приложи заинтересираниот кандидат е:CV и копии од: Диплома за завршен VII/1 електротехнички или машински факултет или Диплома за завршено средно училиште (насока електротехника или машинска струка); Важечка возачка дозвола од Б категорија; Доказ за претходното работно искуство.
- Дополнителна документација која е пожелно да ја приложи заинтересираниот кандидат е: Уверение за познавање на англиски јазик; Уверение за Стручно лице за безбедност при работа при МТСП на РСМ.
Работни денови: од понеделник до петок, 40 работни часови неделно, Работно време: од 08.00 до 16.00 часот.
Ги молиме заинтересираните да ја достават потребната документација најдоцна до 05 ноември 2024 година преку полето Брза Апликација.