Ресорт Маврово е најпопуларниот македонски скијачки центар со повеќедецениска традиција во давање на врвно искуство и услуга на сите посетители кои се љубители на зимските и планинските спортови, како и на сите оние кои уживаат во прекрасната природа на Националниот Парк Маврово.
Ресорт Маврово е препознатлив бренд со голема популарност кај туристи од регионот на Балканот, како и од Европа.
Ресорт Маврово ги опфаќа следните капацитети; Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Смрча, Хотел Lodge и Ски центарот и Спортскиот центар.
Нашиот персонал е нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга заради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како пријатели.
Подготвувајќи се за претстојната зимска сезона го прошируваме нашиот тим на повеќе работни позиции:
ГОТВАЧ
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Работен ангажман е од сезонски карактер за период од 01.12.2024. до 31.03.2025. година.
Доколку :
- Те исполнува давање на врвна услуга на клиенти,
- Лојален си и чесен,
- Проактивен, вреден и енергичен,
- Одговорен и посветен кон работата,
- Вешт комуникатор,
- Тимски играч,
Имаш решение за секој предизвик и имаш целта ти е да се развиваш и усовршуваш,
А ја сакаш и почитуваш природата,
Тогаш ти си идеалниот кандидат за нас!
Ќе ти понудиме:
- Конкурентна основна плата + додатоци на плата
- Работен ангажман на полно работно време,
- Обезбедено бесплатно сместување и 3 оброци дневно,
- Платен превоз,
- Напредок, награди, тим билдинг активности,
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели
- Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
- Подготвува оброци за вработените;
- Економично управува со залихите на производи;
- Ја организира работата во кујна во неговата / нејзината смена во согласност со насоките кои ги дава Шефот на кујна;
Потребни квалификации:
- ССС (средно стручно угостителсно школо ќе се смета за предност)
- Работно искуство – минимум 5 години;
- Работа во две смени.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата.
Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.